ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА ПРЕД ШЕСТООДДЕЛЕНЦИ

ОУ „Добре Јованоски“

Simulacija na vulkanska lava„Вулканска лава изби во училницата на шестоодделенците од ОУ „Добре Јованоски“. Одненадеж, пукнатината во земјината кора на просторијата почна да покажува знаци на немир, како невообичаена земјотресна активност. И од кратерот на врвот на конусната планина се исфрлија лава и отровни гасови.“

Без паника! Ова беше само симулација на вулканска ерупција на часот по географија кај наставничката Светлана Петковска. Од пластелин, изработија конусна планина налик на вулкан. Во нејзиниот отвор, односно кратерот ставија црвена боја, потоа додадоа сода бикарбона и на крај минерална вода. Децата се радуваа кога “лавата” почна да клокоти низ каналот и да се излева по “вулканот” да еруптира. Преку интерактивен час учеа за вулканите, а потоа имаа и вежба да видат како изгледа вулкан и да ги разликуваат активните од згаснатите. Симулацијата ја искористија и како начин за предвидување на потенцијалните опасности од вулканите. 

Loading