СОУ „Ристе Ристески – Ричко“
Буџет од 10 илјади евра, Теодора Трајческа, Андреа Аврамоска, Кристијан Милкоски, Ѓорѓина Ристеска и Христијан Стеваноски од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, измешани во групи со ученици од други училишта од Прилеп, Битола и Крушево, го распределија во начинот на стипендирање на универзитет и за промоција и маркетинг на стипендијата. Тие беа учесници на регионалниот натпревар Млади претприемачи, во организација на средното техничко училиште од Битола, поддржано од Славјанскиот универзитет. Поделени во девет групи имаа задача да развијат бизнис идеја за стипендирање и за функционирање на универзитетот. “Потрошиле” три часа да скројат бизнис презентации, електронски и на хамери. Ги презентирале пред сите учесници и пред жири. Најдобра бизнис идеја покажала Теодора Трајческа. Доби таблет и пакет производи од спонзорите на Славјанскиот. Андреа Аврамоска за втората награда доби ваучер во спа центар и пакет производи. А Кристијан Милкоски, Ѓорѓина Ристеска и Христијан Стеваноски зедоа сертификат за учество.
– Големо искуство, оти работевме со ученици кои првпат ги гледаме. Се покажавме добри за тимска работа. Еден мораше да се истакне како лидер и да нé организира. Од голема помош беа бизнис плановите, работени на часовите – кажува Аврамоска.
Нивни ментори беа професорките Ратка Илиеска и Валентина Герамитчиоска.
– Премногу сум задоволна од учениците, оти е мотив за понатамошна кариера и професионална ориентација. Можеби некој ќе се запише на економски факултет или ќе изучува менаџерски науки – вели менторот Илиеска.
Учесниците добија покана за учество на државниот натпревар во Скопје. Иако се средношколци, се надеваат дека бизнис идеите ќе блеснат меѓу студентите на Машинскиот факултет.
![]()

