Точно 30 дела од 20 автори уметници од земјава и од Бугарија, Канада, учесници на 16. издание на меѓународната ликовна колонија Ниже Поле ќе бидат презентирани вечерва од 19 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Празник за очите ќе приреди творештвото на Данчо Ордев, Павле Кузманоски, Илија Кочоски, на нашите сограѓани Бојана А. Трпческа и Тони Чатлески и др.
Колонијата датира од 2000 година. Уметниците црпат инспирација од природата на Ниже Поле. Неколку години колонијата имаше патувачки карактер, низ Крушево, Берово.