АКТЕРСТВОТО Е ЛЕК ЗА ЛОШИТЕ МИСЛИ

Reluskoski vnesen vo ulogata na veterinar„Колку би било убаво кога би можел да бидеш кој и што сакаш“. Тоа го рекол Дино Релушкоски пред три години, кога првпат го “допрел” актерството и очи во очи í погледнал на можноста и тој да биде глумец. Тогаш осмоодделенец во ОУ „Рампо Левката”, а сега прва година во Гимназијата. Кај Релушкоски еволуира љубовта кон глумата и се распламтува огнот кон оваа, за него, волшебна професија. Без да згаснат афинитетите, созрева со силниот мерак кон актерството. Ја осетил сцената и публиката, цапајќи по театарските штици со улогата на ветеринар во училишната драмска претстава лани. Релушкоски често беше и со микрофонот в раце и со моќниот глас вешто водеше бројни училишни манифестации.  

– Во основно присуствував на презентација од хумористика и актерството ме заинтригира. Ми се допадна и помислив, „Колку би било убаво кога би можело да бидеш кој и што сакаш, да бидеш актер?” – вели Релушкоски.

Имал ролја на раскажувач во детската претстава “Кој е крив?”. Талентот го надградува со следење на третиот степен за основи на актерството. Со “колегите” за пролетва спремаат ново театарско дело. Од ветеринар и раскажувач, ќе стане крал. Тоа е новата улога во претставата што се готви. Успешен е и во извидништвото. Летоска се докажа во одредот Феникс, освојувајќи високи места на извидничките акции. 

– Актерството го доживувам како “лек на лошите мисли”. После напорниот ден задоволство е глумењето. Тоа е релаксација. Би сакал да го изучам актерството како професија. Најбитно е да се открие талентот кој се крие во секој од нас, наместо напразно да се седи дома пред компјутер. Секој има дарба, само треба да проба и да се потруди и да излезе на виделина – додава Релушкоски.

Секогаш ведар и насмеан, зрачи оптимизам, а актерството му оди од рака. Вешто се снајдува во било која улога, а гласот му е скриено оружје за “рецитирање” на било која филмска реплика. Омилен машки актер му е Иан, а од страна на понежниот пол, Камерон Диаз. Како секое дете сонува да стане холивудски актер за кој цел свет ќе се крене на нозе да му аплаудира. Можеби еден ден ќе го надмине својот идол.

Loading