Шах
Мошне интересно Државно поединечно шаховско првенство за лица со оштетен слух се одржа во Струмица. Здружението од Прилеп одлично го претставија Борис Стојаноски и Игор Шопески. Стојаноски постигна шест победи и беше на добар пат да стане првак. Поради здравствени проблеми одвај ги доигра станатите три меча и двапати загуби, а изваде реми со првакот од Скопје.
Шопески за малку не влезе меѓу осумте најдобри, но задоволи со четирите победи, наспроти петте порази.