Пинг-понг
По завршувањето на есенската полусезона објавена е ранг-листата од Пингпонгарската федерација за најдобрите поединци во дуелите од сите лиги. Убедливо најдобар е шампионот Кристијан Станојковски (Гоце Делчев Штип) со 17 победи, ниту еден пораз и сет разлика 51-7. Веднаш до него е прилепчанецот Андреј Лашкоски (Работнички Скопје) со 14 победи и три порази, сет разлика 47-19. Одличен на петтото место е Ѓоко Јочкоски (Младост Прилеп) со 10 победи и три порази, сет разлика 34-14. На листата на 12. место е Антонио Стомнароски (Младост 96 Прилеп) со 12 победи и еден пораз, но овој скор го има во вториот ранг, затоа и вреднувањето е послабо.
Еве ги и останатите рангирани прилепчани: Александар Рикалоски (Младост 96) е 17, а Миле Петрески (Младост) на 25. место.