Микс борачки вештини
За клубот Максам в недела претстои значаен меѓународен турнир во Земун, Србија. Се работи за аматерски ММА (микс од борачки вештини) натпревар, наменет за борци кои учествуваат првпат или вторпат. Клубот ќе го претставуваат Христијан Граороски и Христијан Тасески до 64, а Наумче Трајкоски до 83 килограми тежинска категорија.
– Трајкоски и Тасески се апсолутни дебитанти, а Граороски се појавува вторпат. Примарната цел е собирањето искуство – вели тренерот Пеце Мартиноски.
Клубовите и тренерите ќе видат до кое ниво стигнале членовите. Настанот е од селективен карактер. Борците кои ќе се истакнат, се канат за наредните полупрофесионални турнири. Добредојдена е секоја победа.
– Извесни се тешки противници со оглед на високиот квалитет. За дебитантите важно е да ја совладаат тремата – порачува Ангелески.
Турнирот е генерална проба за настапите во Подгорица и во Прилеп.
![]()

