Игротека Веселко
Невработениот самостоен уметник Билјана Петкоска во бизнис водите со детски град, игротеката Веселко, тргнала од личните потреби за згрижување на своите деца. Како спас од големиот метеж и недоволниот број на наставници за посветување повеќе внимание на двата сина, кои претходно посетувале дневен престој и поради фактот дека дружењето дава резултат, отворила сопствена игротека. Припомош í бил владиниот грант за самовработување. Ја нарекла детски град, оти главни се децата, а ја “крстила” Веселко, да биде ем звучно и лесно име за памтење, ем да поттикнува насмеани и весели деца кои ќе сакаат пак да дојдат.
– Идејата ја прифатија, а моите деца најмногу се израдуваа. Првична замисла е дневен престој, а родендените се секако вклучени. Целта е и промоција на учењето преку игра, оти новата програма по Кембриџ бара таков пристап. Затоа секој вторник и четврток се одржуваат и дополнителни часови по било кој предмет за деца со потешкотии во совладувањето на наставата од прво до петто одделение. Наставник со искуство работи со мали групи деца. Им се посветува внимание поединечно, оти ова е критична возраст, па да земат насока која е основа за продолжување на образованието – кажува Петкоска.
{AG}386/veselko{/AG}
Ставајќи акцент на дневниот престој, вклучила две групи. Во едната се децата од предучилишна возраст кои по договор имаат и час со педагог. Во втората се ученици кои доаѓаат до почетокот на училишниот час, а педагогот ги зема или ги враќа организирано. Иако е новајлија, Петкоска е задоволна од првичниот интерес. Моментно, најпопуларни се родендените и креативните работилници за викенд, односно во денови кои најмногу им одговараат на родителите. Децата да не им “сметаат” во домашните обврски, а сепак да бидат згрижени, образувани и воспитувани. Поттик за интересот се и евтините работилници.
– Најдобро децата учат едни од други. После укорот пред сите, се срамат и грешките не ги повторуваат. Забавно им е. Затоа посакуваат часови дури и секој ден за време на распустот. Активни се во работилниците и имаат време и за игра. Радосни се дека самостојно креираат и ќеф им е дома да се пофалат со изработките како честитки, снешковци… Не е безсмислено, не е само за талентирани, туку за сите. Се стимулираат едни со други. Пример, најдобриот читач чита приказна, од која другите изработуваат ликови, или пак ги глумат. Се дружат и се негува натпреварувачкиот дух – објаснува Петкоска.
Се грижи и за греењето во игротеката. Најважно í е да биде топло и чисто, за да им биде пријатно на децата. Уредувањето на амбиентот во детскиот град е дело на креативноста на Петкоска. Мотив и инспирација во животот, па и во работата, í се синовите.
– Долго време разгледував програми, осмислување на просторот, според познати детски центри, достапни на интернет. Ѕидовите во катчето ги цртав сама и со помош на синовите. Со оглед дека база ми е едукативниот престој, следам примери од најдобри наставници во светов за нивниот метод да се примени тука, што е пример и за многу други по училиштата. Целта е децата да не почувствуваат дека учат, туку дека играат, а сепак да научат – додава Петкоска.
Затоа Петкоска советува, ако ги слушаме потребите на децата, ќе имаме среќно дете кое ќе го наведеме на правилниот пат. Ја исполнува што полека í се остварува сонот за насмеани детски лица, чии срца се исполнети со среќа. Душата í ја хранат не само задоволните деца, туку и родители. Се надева на успешно функционирање и прифаќање на детскиот град на општа радост на сите. Напролет планира отворен простор за одржување на надворешни активности. Преку креативните работилници ќе организира и посета на изложба, кино, театар, одење на излет…