Почит за годишнината од раѓањето на големиот прилепски револуционер Методија Шаторов – Шарло оддадоа делегација од локалната самоуправа, борците и потомците на Шарло на споменикот во Скопје. Иако беше генерален секретар на покраинскиот комитет на КПЈ, авторитетниот борец неправедно беше изолиран и протеран во Бугарија во 1941 година. Две години подоцна загина како командант на партизанска единица кај Пазарџик.
Локалната самоуправа веќе распиша тендер за споменик за Шарло, кој ќе биде поставен во Прилеп.
![]()

