Се раширил како ага булеверот со гранитна коцка го газат коњите и колите арабадзиски од Инзап, Пиварницата, губрепараси и погребната кочија, да се возат велосипеди, па и ретките Фиќа. Живата ограда го одделува тротоарот од улицата. Меѓу двата реда раззеленета ограда, се извишиле и крошнесто се раскомотиле липите кои изгледаат прекрасно во урбаниот амбиент.
Ова е поранешното корзо каде се случиле многу искрени и чисти љубови. Место, каде секое друштво на младите имало свое собиралиште, свое стебло, каде се “корзирало и стационирало”.
На сликава се зградите кои и денес виреат на тоа тло, а ѕирка и деветкатницата – ретка убавица за тоа време.
Интересни времиња кои будат емоции кај постарите.