ИН МЕМОРИАМ

Blagoja AleksoskiПочина Блаже Алексоски – Глумецот (1933 – 2015), актер во пензија од театарот ,,Војдан Чернодрински,,. Посмртните останки се погребани на Градските гробишта.

Замина, но неговите улоги во книгите што ги напиша остануваат врежани во македонскиот театар и литература. Живот го подари на театарот, од аматер, па еден од основачите, до пензија. Одигра полно ролји. Оствари доста режии на битови драми, како Бегалка, Печалбари, Антица… За актерските реализации го доби призанието за животно на МТФ ,,Војдан Чернодрински,,. Тој е првиот лауреат на фестивалска награда од прилепскиот театар. За придонесот во театарската уметност, признание му оддаде и општина Прилеп.

Како драматург дебитираше со пиесата ,,Итроман Пејо,,. Автор е на десетина драмски текстови, меѓу кои и ,,Колобан,,. Последните години стана хроничар. Се потпиша на кориците на делата ,,Аџи Христо Логотет,, ,,Тале Мелезот,, романот ,,Ах,, ,,Прилепските прекари,, ,,Курналзаци,,.

Loading