Вечерва во ЦК ,,Марко Цепенков,, на ,,Концерт со глас и пијано, ќе настапат Билјана Стојкоска, сопран, и Христина Никоска, пијано. На репертоарот се музика од различни временски периоди, од Хендел, Моцарт, Белини, Пучини, Гершвин.
– Ќе ја нагласиме убавината на секој стил во однос на времето – вели Стојкоска.
Солистката Стојкоска претходно учела флејта, а завршува ФМУ како оперска пејачка. Пијанистката Никоска дипломирала на ФМУ во Скопје. Освоила бројни награди и остварила повеќе рецитали, солистички настапи и концерти. Концертира и на чембало. Професор е во музичкото училиште.
![]()

