Небото е сиво, дрвото младо туку се тутка
а старото нежно ги исфрла лисјата.
Есен е. Четврток после пладне
Чекорот на старецот е бавен
Црвенокоса се качува на стол
го брише прозорот од надворешната страна
Тој носи црно…
Есен е совршено време за љубовни состаноци
а не страдања на старци во црно.
Носталгија, страст
Меланхолија, пасија
Пламен.. Есен е
Четврток после пладне!
Христина Ангелеска
4 – 1 СОУ „Мирче Ацев“