НА ОТВОРЕН ДЕН ВО АМЕРИКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО БУГАРИЈА

Interes za studiranje na Amerikanski univerzitet vo   BlagoevgradТројца професори и 23 ученици од Гимназијата „Мирче Ацев“, СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ и СОУ „Ѓорче Петров“, како и 9 ученици од Гимназијата во Крушево беа во Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија. Учениците, избрани по познавањето на англискиот јазик и нивните интереси за програмите што ги нуди универзитетот, како американски студии, бизнис администрација, компјутерски науки, економија, европска политика, историја и цивилизација, новинарство и односи со јавноста, математика, политички науки и меѓународни односи, изразија воодушевување. На презентацијата слушнаа и за успешниот пат на еден од дипломираните студенти. Очите им се радуваа и на универзитетскиот комплекс за миг чувствувајќи се како студенти. Ги проширија и видиците за студирање во американска средина. Необично искуство беше и студенскиот панаѓур, на кој студентите учествуваа со разни активности преку формираните секции.

Loading