Жени
Привлечен меч е в сабота (19 ч.) во салата “…Ричко” меѓу женските тимови на Прилеп и Вардар јуниор. Гледачите ќе ги видат на дело домашниот состав кој е во подем и гостинскиот кој досега прикажа најмногу. Скопските “црвено – црни” се втори на табелата само поради помалку одиграни дуели – шест, сите добиени, дури и на гости со Металург, лидер со меч повеќе. За Вардар јуниор брани Белмезова, поранешна членка на Ж. Прилеп, а тренер е Царчев. Несомнено е фаворит на гостувањето во Прилеп, но ништо не е невозможно. Екипата на Жане Дисоска постигна три победи, му даде отпор на Металург, а во паузата со некомплетен тим одигра нерешено 30-30 со грчката прволигашка екипа Филота Аминдио. Со поддршка од трибината може до поволен резултат.
Табела: Металург и Вардар ј. по 18, Куманово 12, Прилеп 9.
![]()

