Џудо
Во Џудо клубот Сеишин во стручната работа вклучени се двајца нови тренери, ветерани на овој спорт. Тие се Киро Здравески и Маке Спиркоски. Според биографијата, двајцата се меѓу првите џудисти во градов. Спиркоски (65) почнал во ЏК Прилеп, продолжил во скопски Вардар и белградските Чукарица и Партизан. Носител е на црн појас, прв степен. Здравески (64) бил член на ЏК Прилеп и редовен учесник на државните натпреварувања. Станал државен првак во 1977 година. Му бил спаринг партнер на светскиот првак Чики Јанош.
Двајцата ветерани со голема љубов кон џудо спортот го пренесуваат искуството врз младите членови на ЏК Сеишин.
![]()

