СЕСТРИНСКО ФИНАЛЕ

Карате

Која е подобра во ката од сестрите близначки, Маријана или Мишела е најтешкото прашање, бидејќи поради физичката сличност тешко е да се следат настапите, а и кога меѓусебно ги одмеруваат силите, резултатите се изедначени. Веднаш после враќањето од Светското од Џакарта, Индонезија, се сретнаа во финалето од Државното кадетско – младинско првенство во Скопје. Судиите можеа и обратно, но гласаа во полза на Маријана, втора е Мишела, трета Анастасија Матеска. Ката тимот на близначките со Киријана Камческа го освои златото. Во ката кадетки редоследот на најдобрите е: Киријана Камческа, Матеа Талеска и Лина Димеска. И Искра Каракаш освои два медала, беше втора во ката младинки и трета во борби, а од КК Ронин трети во борби се Андреј Бошкоски и Даниел Гулабоски.

Loading