Ракомет
Две гостувања – две победи, тоа е постигнување за почит на машкиот суперлигаш Прилеп. Тешко е да се сетиме кога последенпат храбро и надмоќно над домаќините одиграле прилепските ракометари. Прво се случи триумфот во Радовиш, а во неделата и над Пелистер во Битола со 26-28. Глем триумф е да се победи во најракометниот град. Битолчаните беа мобилизирани, цела недела имаше кампања за важноста на пелагониското дерби, но кога беше најтешко се покажаа играчите на Прилеп, водени од стратегот Томче Петрески. Кон втората есенска победа над истиот противник предничеше пожртвуваноста на сите. Најефикасни беа Ангеловски со седум, Петкоски и Турченко со по пет гола. В сабота (19 ч.) е дуелот дома со Борец и шансата за искачување на третото место. Велешкиот тим не е наивен ривал. Пред два месеца дома победи со пет разлика и треба да се врати со иста мерка.
Табела: Металург 30, Охрид 24, Работнички 21, Прилеп 18.