НАСЛЕДЕН СЛУХ ЗА МУЗИКА

Ja gali gitarata dodeka odeknuva negoviot   melodicen     glas - JagurinoskiШестоодделенецот Михаил Јагуриноски од ОУ „Климент Охридски“ така речи, уште од “пелени” е одлична друшка на музиката – дали да пее, да свири на гитара или на клавир, или можеби, слушајќи го татко му како пее и свири. Гитарата ја чувствува како дел од себе. Љубовта кон музиката му тече во вените. Ја наследил од родителите. Од прваче се запишал во музичко на клавир. Умешното владеење на овој инструмент му донело повеќе награди и први места на меѓународни натпревари. Често го “мачи” дилема кој инструмент му е подраг.

– Талентот е наследен. Татко ми ме научи сé за музиката. Ми го отвори патот кон светлината. Би го избрал клавирот, оти, како што рекол Чајковски, тој е кралот на сите инструменти. Со наставникот Игор Николоски работиме сериозно. Мора да се вежба за да се одржува кондиција – вели талентираниот Јагуриноски.

Не само што знае да свири, знае и да пее. Задоволство му е, оти располага со природна дарба за слух.

– Пеам било кој тон без пред тоа да биде отсвирен. Слушам и вежбам. И во пеењето чувствувам широка убавина, но не е како свирењето. Без инструментите е празно. Кога свирам е возвишено, оти вадам звук кој го опишувам – додава “мултимузичарот”.

Со гитарата, двапати го придружувал татко му во бендот, настапувајќи на џем сејшн. Ниедна училишна приредба не поминува без Јагуриноски да запее, свирејќи на гитара, особено, последниве четири години. Ја освојува публиката со некоја рок, блуз и соло мелодија, додека со прстите ги гали жиците на гитарата. А со типките на клавир пред себе, може и мижејќи да ја отсвири омилената композиција Фалц од Шопен. Особено му се драги песните на групата Вајт Снејк, за чии концерт се спрема месеоцов. 

– Мал сум за свои концерти. Се трудам да останам одличен во музичкото, за да можам да се запишам и на академија. Па потоа да следат планови – додава Јагуриноски.

Се надева да компонира своја песна. Сонува да стане познат пијанист. Посакува да има заеднички концерт со Симон Трпчески.

Loading