ДОМА ТРИ, НА ГОСТИ 12 БОДА

Победа

Дефинитивно за Победа оваа есенска полусезона е најчудната. Почетокот беше скромен со нерешени резултати, богат со публика и до 5000 народ. Потоа се случи инцидентот и казната без гледачи далеку 100 километри, а резултатите дури тогаш дојдоа. Разочарани се сите кои í предвидуваа колапс. Ако дома освои само три бода на четири меча, на гости и на неутрален терен зеде дури 12 на шест. Дома даде три, настрана 12 гола. Последниот триумф е највреден, 3-1 со Тетекс во Скопје. Два гола даде Гешоски, еден Мегленски. Највозрасните се лидери на тимот, каде некоја година помали се голманот Манчевски и стоперот Крстески. В сабота е шансата за второ место во Охрид, против екипата на Скопје. Во тимот не е исклучениот Шаркоски, а се враќа Петрески.

Табела: Македонија ЃП 20, Љубанци 16, Победа и Скопје по 15.

Loading