Ракомет жени
Женскиот тим на Прилеп е на пат на консолидација. Девојките на Жане Дисоска веќе ја постигнаа првата победа над Ѓорче и бараат шанса за нов успех. В недела (19 ч.) во “Ричко” претстои пелагониското дерби со Пелистер. Се очекува силна поддршка од публиката, како порано што ја имаше Жито Прилеп. И гостинките го доживуваат мечот како дерби. Имаат мотиви за докажување. Тренерот Борче Марковски ги следеше прилепчанките на дуелот со Ѓорче и призна дека задутре ќе има тешка задача. Во Пелистер игра прилепчанката Петлеска, а во Прилеп е битолчанката Крстевска.
Претходно Прилеп го намачи фаворитот Металург во Скопје, каде е претрпен пораз само од два разлика 27-25. Второто полувреме им припадна на прилепчанките со 13-9.
![]()

