Историја
Прилепските пингпонгари долго време биле надмоќни над останатите екипи во Македонија. Секоја наредна сезона личела на претходната, ништо не се менувало, оти првакот бил секогаш Младост. Илустрација се мечевите од летото 1971 година. Младост, иако ослабена без републичкиот првак Палилулески, со високи 5-1 го совлада Студент од Скопје. Мачески, Базеркоски и Стеваноски беа пресилни за Матовски, Кубалка и Јаневски. Истиот ден блесна и составот на ЗИК Прилеп, кој со 5-1 славеше триумф над Брегалница од Штип. Тодороски, Спиркоски и Мавцоски им одржаа лекција на Кикиритков, Барбареев и Јордановски.
![]()

