КИРИЈА ОД 400 ДО 1000 ДЕНАРИ

Покрив над главата за 76 социјалци

Социјално најранливите категории граѓани без решено станбено прашање до 16 ноември ќе можат да конкурираат за 76 станови. Идните корисници на становите од 30 до 40 метри квадратни во Точила ќе плаќаат симболична месечна закупнина од 400 до 1000 денари. Семејствата со повеќе членови ќе добијат станови со поголема површина.

Седумте категории на социјално загрозени лица можат да конкурираат. Предност ќе имаат станбено необезбедени лица, деца без родители и родителска грижа, лица над 18 години кои до 18 години биле згрижени во институции или други облици за згрижување на деца без родители. Ќе може да аплицираат и корисници на социјална и постојана парична помош, лица погодени од елементарни природни непогоди без разлика на правниот статус, инвалидни лица и лица на кои им е потребна грижа од друго лице и семејство со инвалидизирано лице, припадници на социјално загрозена ромска заедница, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална помош. Распределбата ќе биде електронски.

Loading