ПРВА ПОМОШ ПРИ ЕМИГРАНТСКА КРИЗА

Гимназија “Мирче Ацев”

Trening za emigrantska krizaЕкипата на гимназијалците, како победници на општинскиот мегдан, учествуваше на  државен натпревар по прва помош во услови на емигрантска криза. Теодора Стеваноска, Петар Тодороски, Косара Блажеска, Искра Димоска, Јана Наумоска, Елеонора Михаиловска и Андреј Кироваков се задоволни од дводневното искуство што го стекнаа во Крива Паланка меѓу 30 екипи од државава.

– Резултатите беа подобри од очекуваните. Стекнавме многу нови пријатели – вели Теодора Стеваноска, капитенот на екипата.

Гимназијата по 20-ти пат го претставуваше прилепскиот Црвен  Крст.

Поради досегашните две освоени државни титули, двапати учествуваа на европските натпревари во Прага, Чешка и во Велс, Австрија.

Loading