АГРОИНВЕСТ И БИМФУД СЕ РАЗВИВААТ СО ВЛАДИНИ ИНЈЕКЦИИ

Државна помош за земјоделскиот сектор

Zemjodelstvoto-e-direktno-poddrzano-od-Vladata---zamenik---ministerot-Vanco-KostadinovskiДека земјоделските преработувачки капацитети сé помасовно ги користат средствата од програмата за рурален развој потврдуваат фабриката за сточна храна Агроинвест и фабриката за преработка на шумски плодови и пиперки Бимфуд. Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски  изјави дека Агроинвест,  кој со 30 отсто ги задоволува домашните потреби од сточна храна, досега искористила 100 илјади евра и ги подобрува кооперантските односи со производителите кои може да користат директна поддршка преку субвенции од програмата.

– Бимфуд, чие производство е целосно за извоз во ЕУ за стартот искористил околу 10,5 милиони денари. Пред потпишување е договор со платежната агенција уште за 60 илјади евра од ИПАРД програмата – нагласи Костадиновски.

Заменик министерот за земјоделство потсети дека за пет години се исплатени 37,5 милиона евра за земјоделците во прилепско. Само годинава, 7,5 милиони евра за тутунарите. 

Годинава, Владата издвоји 145 милиони евра за македонските земјоделци.

Loading