ВИКЕНД МУЗИЧКИ УЖИВАЊА ВО ЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

Утревечер во ЦК „Марко Цепенков“ од 19.30 часот целовечерен концерт по повод 15 години од постоењето ќе одржи рускиот вокален ансамбл Чајка кој работи под патронство на  Здружението на руски сонародници во Македонија.

Ансамблот постои од 1999 година и успешно ја претставува руската песна и танц низ Македонија и на Балканот. Посетителите ќе уживаат и во традиционална руска кореографија и светлосни ефекти.

В недела од 19 часот целовечерен концерт ќе има гудачкиот камерен оркестар „Арко“ под раководство на м-р Ерхан Шукри. Ќе настапат Бојан Ефтимов, Мартина Костадинова, Благоја Василевски, Георгина Поповска, Кристина Шокаљроска, Георги Калајџиев, Енис Алиу, Јована Гелебешева, Елена Гелебешева. На програмата се дела од Вивалди, Бах, Бизе, Пјацола, Мориконе…

Loading