ТРОЈА Е ВО КРУШЕВИЦА – МАРИОВО

stojovskiНа сите им е позната романтичната и трагична приказна за љубовта на убавата Елена, сопругата на кралот Менелај Спартан, и принцот Парис, тројански, што предизвика долга војна и конечен пад на Троја. Точната локација на Троја од Илијада веќе не е мистерија. Тоа е мариовското село Крушевица.

Троја се наоѓа длабоко во Македонија, односно во селото Крушевица. Мојата теорија се базира на многугодишни студии и откривање на грешките во хомеровата Илијада, која ја опишува тројанската војна, и на археолошкиот локалитет во близина на Крушевица, каде во 2000 година се најде многу злато, сребро и керамички предмети, вклучувајќи го приврзокот Горгон, кој во Илијадата се наведува дека е дел од штитот на микенскиот крал Агамемнон.

На наоѓалиштето се откриени керамички плочки со фигури на Херкул, Посејдон и Силена, кои се поклонуваат на Ахејци и на Тројанци. Тие зборуваа на ист јазик, затоа што се предци на тројанскиот крал Пријам и потекнуваат од античка Грција. Со проучувањето на Илијада, се осозна дека таа не е напишана од една личност, туку од неколку поети, кои не биле сведоци на војната, туку само слушнале. Затоа војната ја сместуваат само во нивните градови каде живееле, државата или во местата за кои слушале и им биле познати. Грчката азбука се појавувила во 8 век п.н.е., додека тројанската војна се водела во 12 век п.н.е.

Како тогаш знаеле поетите за војната? Во тоа време се појавиле слепи поети, а зборот ХОМЕ ХОРОН, од кое е создадено името Хомер, значи оној кој не гледа, слепец или патник. Овие патници, пеачи, патувале на различни места без да знаат на чиј терен се и од генерација на генерација ја пренесувале приказната за војната. Еден од овие поети бил од Мала Азија. Од 750 до 250 година п.н.е., старите Грци ги направиле најголемите колонизации на сите страни на светот, Италија, Кипар, Мала Азија, Албанија, на брегот на Јадранското Море. На сите тие места се појавиле и поети, кои знаеле дека државите Мисија, Ликија и Тракија биле тројански сојузници. Но, не знале дека има две други земји со истото име, Мизија, Лициа, без буквата “ј”, и Пеонија, која била на територијата на денешна Македонија.

Во земјата Мизија, бил градот Гевгелија во близина на реката Ксант, денешната Црна Река. Поетот од Мала Азија е од Тракија без да знае дека тоа е дел од денешна Бугарија. Македонскиот локалитет во целост се совпаѓа со описот на Троја. Во Илијада се вели дека Троја се наоѓа на еден рид опкружен со ѕидови. До него воделе два потока, кои се спојуваат во еден и се влеваат во реката Црна, која потоа се влева во Егејското Море. Описот кој и денес постои совршено одговара на македонскиот локалитет. Во прилог на ова тврдење е и земјениот пат кој завршува со голема полјана наречена Скамандрова ливада. На едно испакнато место биле подигнати два надгробни споменици на царот Ила и неговата сопруга Муриније. Постои и патека од врвот со два извора од кои излегуваат двата потока, наречени Скамандер и Симоис.

Овие споменици се споменуваат во Илијада. Всушност, Париз, скриен зад еден од двете споменици, ја затегнал стрелата и го погодил Ахил во петата, а потоа и во срцето. Никаде на друго место не е ова поле. Тоа целосно одговара на опишаното во Илијада, со растојание од неколку векови.

Троја се наоѓа во македонското село Крушевица. Ахејците и нивните сојузници, со своите црни лаѓи отпловиле од пристаништето и продолжиле во Егејското Море. На устието на реката Аџиат или Вардар, која се влева во Егејското Море, во близина имало град-држава Мизија, денес Гевгелија. Ахејците и сојузниците ги запалиле и ограбиле градовите во Мизија и продолжиле да пловат по реката Аџиат. По долго патување стасале до реката Ксант или Црна и продолжиле низводно во близина на градот Ксант Лициа, денес Кавадарци. Пандур војводата Сарпедон и Глаук со своите војски отишле да ја бранат Троја, а Ахејците и сојузниците продолжиле да пловат низводно во близина на Троја. На ова место имало два рида, Ретеј и Сигет, а Ахајците ги наредиле црните бродови на брегот на десната страна на реката Ксант, околу 4 километри од градот Троја.

Ксант извира кај селото Цер и тече низ Пелагонија крај Битола, која била дел од државата на Дарданија. Денес крај археолошкиот локалитет во Крушевица се селата делови од Троада, Дуње, Витолиште, Манастир, Бешиште и Полчиште, каде има пет потоци кои минуваат низ овие села. Така опишаната мариовска територија во 12 век п.н.е. во бронзеното време, била наречена државата Троја.

Така, греши секој оној што ја бара Троја во близина на брегот на морето. Убеден сум дека Тројанците немале бродови и не биле обучени да се борат на реката или морето. Да имале, не би дозволиле Ахејците и сојузниците да им се доближат со бродовите на 4 километри од градот, туку би ги наекале во заседа на Егејското Море и битката би била таму, а не во близина на реката Ксант, на Скамандровата ливада во Троја.

Не верувам дека Троја се наоѓа крај морскиот брег. Секој греши ако смета дека Троја е во близина на морето. Причината што се бара Троја крај морето е поетот од Мала Азија, кој не бил свесен дека постоеле и други земји, Мизија, Лициа. Еден од оние научници кои грешат е и германскиот археолог Хајнрих Шлиман, кој ја барал Троја во Мала Азија. По многу години во местото Хисарлик, Шлиман пронашол златен и сребрен накит. И тоа било сведоштво дека ја открил Троја. Голем број археолози не се согласуваат со неговите сознанија. Некои тврдат дека пронајдениот накит од Шлиман, е постар од Троја илјада години. Шлиман двапати го сменил сведочењето. Првин рекол дека накитот го открил во ѕидините, а вториотпат над ѕидините. Плус, изјавил дека неговата сопруга Софија била присутна при наоѓањето на златниот и сребрен накит, но подоцна се утврдило дека во тоа време таа била на погребот на својот татко во Атина.

Друг археолог кој ја барал Троја во близина на морето бил мексиканскиот археолог-аматер Роберто Салинас Прајс. Тој открил населба во близина на Љубишко поле, во Босна и Херцеговина, за која е сигурен дека е Троја. Подоцна Салинас ја негирал изјавата и рекол дека тоа е населбата Габела. Трет археолог кој ја направи истата грешка бил германскиот Алберт Корфан. Тој копал 13 години на ридот Хисарлик и нашол златен и сребрен накит. Според него, Троја е таму, но на друга населба.

Денес е глобално признаена шлимановата Троја, но Троја е во Македонија и досега никој не ја открил.

Драган Стојовски

Пломин

Хрватска

 

Педесет и осумгодишниот Стојовски 25 години се занимава аматерски со археологија. При 30 годишното живеење во Пломин, Хрватска. Покажува интерес за Македонија од пред нашата ера. Посетил повеќе археолошки локалитети во Македонија, Битола – Хераклеа, Штип – Астибо, Скупи – Скопје, Охрид – Самоилова тврдина, Прилеп – Маркови Кули итн.

Роден е на 14 .4. 1957 година во селото Живово, Мариово. Вработен е во Пломин. Завршил средно техничко училиште за рударство во Прилеп, а потоа и четврт степен за металец во Лабин.

Loading