РИСТОВСКА ВО ЖРК ПРИЛЕП

Ракомет

Стружанката Моника Ристовска е засилување на бековската позиција за екипата на ЖРК Прилеп, тим кој го промени името по разделбата со спонзорот Жито Прилеп. Најавено е доаѓање и на ракометарка од Битола. Сето ова е потврда на очекувањата за средување на состојбата во клубот по ланската најтешка сезона. Како се одвиваат работите задоволен е претседателот Оливер Деркоски.

– Успеавме со сопствени сили да ја завршиме претходната сезона. Сега е полесно, бидејќи се договоривме со Витаминка да го спонзорира клубов. Минуваме низ фазата на стабилизација, со млад играчки кадар, поддржан со двете засилувања. В година планираме растеж – најави Деркоски.

По победата на пријателски меч со Кичево, има изгледи Лигата да стартува викендов, дома, со Куманово.

Loading