РАКОМЕТНО ДЕБИ ВО ЕВРОПА

Историја

На 25 септември 1993 година првпат прилепски спортски тим од екипните спортови излезе на европската сцена. Беше ракометниот состав на Тутунски комбинат, кој како македонски вицешампион избори право да настапи во 1. коло од ЕХФ купот, против Андор Јадран (Козина, Словенија). Првиот меч, пред 2000 гледачи во Универзалната го добија прилепските ракометари со 22-21, а имаа водство од пет разлика. Настапуваа Богданоски, Нешкоски, Локвенец, С. Илиески, К. Стојаноски. Илиески, О. Илиески, Шокоски, Колески, Г. Андоновски… Тренер беше Крсте Андоновски. На реваншот во Козина Словенците победија со 20-16 и се пласираа во 2. коло.

Подоцна и ракометарките на Т. Комбинат играа во Европа.

Loading