МОРА И МОЖЕ ПОДОБРО

Бесплатна објава

Трета

Екипата на 11 Октомври се смета за најсериозен кандидат за првото место во третата лига. Но, тоа досега не го оправдува. Загубени се пет бода на свој терен, прво со ремито од 0-0 против Тиквеш, а потоа со поразот од 0-1 со Победа Валандово. Засилениот тим со цела постава може повеќе и подобро. Во средата постигна победа (  –  ) на заостанатиот меч со Младост Удово и пак се приближи кон водечките на табелата. Колку ова ќе значи поттик за враќање в колосек, ќе покажат наредните кола, на гости во Големо Коњари и Дојран.

И останатите прилепски претставници играат под очекувањата. Партизан Обршани има една победа и два пораза, Млекар еден бод, а Г. Коњари – нула.

Табела: Вардар Н. 12, Д. Езеро и Победа В. по 9, 11 Октомври, Борец и Тиквеш по 7.

Loading