ИН МЕМОРИАМ – Благоја Чонески – Чоната

(1926 – 2015 г.)

ConoskiНа 23 септември почина претседателот на ОО на Сојузот на борците, Благоја Чонески – Чоната во 89-тата година од животот.

Како прогресивен и авангарден младинец активно се вклучува во НОВ уште од почетокот. Учествувал во многу акции за оневозможување на непријателските дејствија. За член на СКОЈ бил примен во 1941 година. Од 1943 година се вклучил и во партизанското движење. Учествувал во борбите кои ги водела Првата Македонско – Косовска бригада. Бил еден од ослободителите на Прилеп. Во слободниот град бил член на највисокото раководство на СБ на Македонија. Бројни се активностите во општествено-политичкиот живот во земјава.

Добитник е на диплома, Трети Ноември. Одликуван е со повеќе признанија, меѓу кои орден за храброст, орден заслуги за народ, орден братство и единство, како и Плакета на СУБНОР на Југославија, доделена во Белград.

Посмртните останки беа погребани на Новите градски гробишта. 

Loading