МЕЃУ ВОДЕЧКИТЕ

Победа

PobedaПрвиот успех на гости со 0-1 над Кожуф преку голот на Шаркоски го отвора патот на Победа нагоре на второлигашката табела. В сабота е мечот дома со кичевско Влазерими, кое беше непријатно изненадено и на свој терен загуби со 1-2 од Гостивар. Доколку прилепскиот тим освои три бода оди во друштвото на водечките. Гледачите ќе го видат новиот голман Ванче Манчевски стоперот повратник, Александар Крстески. Привлечно е учеството во наградната игра “Златен гол” за премијата од 800 евра.

Табела: Гостивар 8, Љубанци и Македонија 7, Пелистер, Победа и Тетекс 6.

Loading