Фудбал
Се вредно има своја цена, така и најниската, општинска фудбалска лига. По три години обновениот Питу Гули од Крушево се вклучи во ОФС Прилеп. Клубот продава годишни влезници по 100 денари. Првиот меч дома заврши 1-1 со Ново Црнилиште. Во истата група “бебињата” од Прилеп сити со 3-1 славеа над Кадино. Интересен беше и дуелот од другата група, Напредок Крушеани – Младост Кривогаштани, кој го добија домашните со 4-1, најмногу благодарение на расположениот Пеце Начески. Тој даде три гола за пет минути!
![]()

