Одбојка
Желбата да се учествува во новото првенство е поголема од сите пречки на кои наидува женскиот одбојкарски клуб 11 Октомври. Тренерот Гиче Локвенец ја пријави екипата во Младинската лига, покрај растот на трошоци. ОФМ ја подигна сумата за котизација од 5.000 на 10.000 денари. Легитимациите кои биле бесплатни, сега се по 100 денари за играч, а 4.000 за тренер. Од друга страна, радува масовноста на пријавените екипи. Се очекуваат 17-18 тима. Младата екипа на 11 Октомври е составена од одбојкарки од 12 до 17 години. Целта е нивно созревање за настап по две години во сениорската лига.
Клубот најавува турнир за празникот 11 Октомври.