СОУ “Орде Чопела”
СОУ “Орде Чопела” ја искористи европската недела на спортот и го пуштија во употреба новото спортско игралиште. Теренот беше сефтосан со заигрување фудбал на екипи од училиштето домаќин и од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”.
Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека локалната и понатаму ќе помогне во подобрување на условите, најавувајќи нова фасада и доуредување на дворот на училиштето.