ТЕАТАР ЗА ТОЛЕРАНЦИЈА

Гимназијалци во Полска

GimnazijataГимназијалците Роберта Ацеска, Катерина Глигороска, Деспина Јосифоска, Андреј Петрески и Давид Јакимов со професорот Мартин Наумоски, како единствени претставници од државава, беа дел од интернационалниот семинар ,,SEE ME”, за толеранција и човекови права во полскиот зимски центар Закопане. На осумдневниот камп, заедно со средношколци од Италија, Португалија, Турција, Естонија, Романија и Полска, запознавајќи се со разни култури, учествувале во работилници за човековите права, за стекнување доверба. Се здобиле и со знаења за театарот и како да се подготви претстава со менување на чувствата.

– Како продукт од наученото на кампот преку уметност и уличен театар, 44 учесници од седум држави подготвивме драма од 20 минути без зборување и пренесовме порака за толеранција во светот – вели Роберта Ацеска.

До иницијативата за ваков камп дошло по собирот на седум организации од седум држави, меѓу кои и невладината “Жетва на знаења”. Семинарот ќе прерасне во традиција и секоја година домаќин ќе биде различна земја. 

Loading