КОНЕВЦИ НА МЕЃУНАРОДНА РЕВИЈА ВО ЉУБЉАНА

ОУ “Блаже Конески”

Дваесетина ученици од ОУ “Блаже Конески” заедно со директорката Марија Дулевска, како единствени претставници од Македонија, се натпреваруваат на финалната ревија на 10. меѓународен проект “Зогаријада” во Љубљана, Словенија. Сместени кај другарчиња од ОУ “Марија Вера” во Камник, кои беа нивни гости во април, ја споделуваат радоста на детството и пријателството, дружејќи се со основци од Словенија, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Во категоријата фудбал 3 на 3 со двајца како резерви, учествуваат Надица Алексоска, Христина Мантароска, Матеј Ѕвездакоски, Петар Игески и Иле Иваноски. За играта вештини се пријавени Евгенија Цаневска, Виктор и Владимир Лазароски, Јосиф Стојчески и Ангела Димоска. Во квизот на знаење “битка бијат” Сања Дамеска, Виктор Костадиноски и Михаела Мојсоска. А Хелена Зографоска, Ангела Јакимоска, Фросина Трајкоска, Исидора Конеска, Ангела Камческа, Симона Аврамоска и Лиле Пирганоска ќе ги покажат танцувачките способности со балетска точка т.н. Macedonia jump style.       Ќе има и игра за наставници, во која, спортските умештва ќе ги одмеруваат Тони Николоски, Борче Спиркоски и Тања Јованоска.

Loading