„КИРИЛ И МЕТОДИЈ…“ НА ЕКС ПОНТО

kirilВ недела на 20 септември театарот “Војдан Чернодрински” ќе ја игра претставата “Кирил и Методиј, who are you” од Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски на меѓународниот фестивал Екс Понто во Љубљана. Ова е четврто гостување на нашиот театар на реномираниот фестивал на изведувачки уметности.

Претставата ја доби највисоката награда на НЕТА на фестивалот “Ристо Шишков” во Струмица.

– На Екс Понто настапуваме со копродукцискиот проект на НЕТА, со театри од Белгија, Романија, Франција, Чешка. Сме учествувале на фестивалот со “Кавкаскиот круг со креда” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, кога бевме апсолутни победници со “Тапани во ноќта”, “Швејк…” – велат од театарот.

По враќањето, театарот ќе гостува на детскиот театарски фестивал во Штип со изведба на “Како се станува цар” во режија на Кирил Петрески. Следната недела ансамблот ќе ја игра “Буре барут” во режија на Наташа Поплавска во Тетово, на меѓународен фестивал. Во октомври ќе се изведе “Премиера во …” во режија на Коле Ангеловски на фестивалот “Денови на комедијата” во Куманово.

Loading