ЕЛЕКТРОНСКА ВРСКА МЕЃУ КАТАСТАРОТ И ИМОТНО-ПРАВНИ

Од први октомври почнува електронското поврзување на  катастарот и одделението за имотно-правни работи за побрза постапка во решавањето на предметите во интерес на граѓаните.

– Ефикасноста во прилепскиот катастар се гледа од примените  над 84.000 предмети, од кои не се решени само неполни сто. Паралелно,  при крај е комплетната дигитализација – изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески, кој најави и реконструкција првин на фасадата, а потоа и на целиот објект на катасатарот.         

Тој ги повика примателите на социјална помош да поднесат барања за бесплатна изработка на елаборатите за легализација.

Директорот на Управата за имотно-правни работи, Зоран Крстаноски, оцени дека прилепското одделение е ефикасно со приватизацијата на земјиштето. Одделението примило преку 19.000 предмети, од кои за решавање се уште 6.800.

Loading