СИТИ ЦЕНТАР СРЕДЕ ГРАД

centarНовиот трговски центар на инвеститорот Тинекс почна да се гради на местото од поранешниот млечен пазар. Камен темелникот го поставија претставниците на компанијата и градоначалникот Марјан Ристески. Инвестицијата е пет милиони евра. Објектот се гради на парцела од 1700 квадратни метри. Во трговскиот центар со име Сити центар ќе работат стотина лица.

– Објектот ќе се простира на површина од 4300 м2, од кои 1400 м2 е паркинг простор со 40 подземни паркинг места. Лесно пристапен, објектот ќе располага со хипер Тинекс маркет, кафетерии, ресторани, отворена летна тераса, локали и продавници на реномирани брендови и уште многу други објекти во кои граѓаните ќе можат да се дружат и да уживаат во овој трговски центар – изјави Ана Марија Босиљанова од тимот на Тинекс.

Сити Центарот ќе никне на парцела која инвеститорот Тинекс ја купи од Општината, на јавно наддавање во февруари за околу 29 милиони денари.

– Со овој проект ќе се добијат нови естетски вредности во центарот, со што градот ќе добие објект кој со своето надворешно обликување ќе наликува на типична современа и елитна архитектура – вели градоначалникот Марјан Ристески. 

Loading