КОЛАПС НА ОРАНЖЕРИИТЕ

Kuki mesto krastaviciДесетици хектари земјоделски површини под оранжерии исчезнуваат во продолжение на типската населба. Локалните власти ја проектираа локацијата за градба на луксузни куќи во населбата Градина.

Пред четириесетина години, од оранжериите на некогашниот ЗИК Прилеп излегуваше огромна продукција на раноградинарски култури. Домати и краставици во декември, јануари и февруари се пласираа насекаде. Во дел од стаклениците се одгледуваа и каранфили. Оранжериите го загубија економскиот сјај со растот на цените на нафтата. Огромните трошоци ги “изедоа” доматите и краставиците. Затоа веќе две децении лете се импровизира производство на корнишони на одржаниот здрав дел од оранжериските конструкции.

Дел од стаклениците ги однесе и ветерот. Неколку хали се урнаа под силата на природната стихија. Искршените стакла придонесоа да се распаднат оранжериите. Некои од наследниците на ЗИК Прилеп кренаа раце.

Loading