АКВАРЕЛИ ОД ИЛИЈА КАВКАЛЕСКИ

Ретроспективна изложба на 20 акварели од Илија Кавкалески ќе биде постхумно поставена во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, вечерва од 19.30 часот.

Прилепчанецот Илија Кавкалески (1932 – 2015 г.) беше мајстор на акварелот, кој зад себе остави раскошно уметничко творештво и како сликар, но и како конзерватор на фрески и икони, бидејќи работеше во Заводот за заштита на спомениците на културата.

Пред две години, Кавкалески ја доби третоноемвриската награда за придонес во развојот на ликовната уметност.

Loading