УШТЕ ДВАЈЦА ВО 11 ОКТОМВРИ

Трета лига

Дека тимот на 11 Октомври сериозно размислува за висок пласман во Третата лига – Југ потврдува најновото ангажирање на уште двајца квалитетни фудбалери во средниот ред: Благојче Спиркоски (Турново) и Филип Стомнароски (Преспа). Претходно дојдоа деветмина и вкупно се 11, сосема полна постава. Колку вреди овој тим на Дејан Кулески ќе се види веќе в недела во 1. коло кога гостува на Црвена ѕвезда во Јосифово. Интересни се и останатите двојки: Млекар – Борец, Превалец – Партизан, Тиквеш – Големо Коњари, Вардар – Дојранско Езеро и Зорбас Победа – Победа Валандово.

Loading