ТРГНУВААТ ТРЕНИНЗИТЕ

Во Жито Прилеп

Женскиот ракометен клуб Жито Прилеп тренира под водство на Жане Дисоска за официјалниот старт на подготовките наредната недела. Договорено е враќањето повеќе првотимки од одмор и комплетирање на екипата, во која преовладуваат млади. Ним сезоната ќе им биде за добивање искуство. Не е исклучено доведување неколку повозрасни засилувања. Потребни се по заминувањето на пивотите Зорица Михајлова во Шпанија, Сара Цаневска во Металург, каде е и бекот Ангела Саздова, додека Мери Гичева најави повлекување. Од поискусните останува крилото, битолчанката Елена Крстевска. Се негува надеж дека клубот ќе има подобра сезона од ланската. Оптимизмот се темели на најавите за финансиска поддршка. Кога условите за работа се добри, тогаш тренерот и ракометарките се посветуваат со поголем елан. Според ланскиот пласман, Ж. Прилеп треба да биде во понискиот, прволигашки ранг, но доколку се оформи квалитетна екипа нема да биде изненадување ако добие покана за учество во Супер лигата.

Loading