ТЕМЕЛКОВСКИ НАЈДОБАР

Борење

Борачкиот клуб 7 Мај Леов беше одличен домаќин на Меѓународниот турнир во салата на СОУ Р. Р. Ричко. Беспрекорно минаа сите борби во три категории на учесниците од Србија, Австрија, Унгарија, Косово и Македонија. Клубот беше успешен организатор, но нанижа и резултати на душеците. Осум медали “легнаа” на градите, Теодор Темелковски и Катерина Мирческа, златни, сребрени Марјан Мимичкоски и Леонардо Насески, бронзени Леонид Маркоски, Филип Бошкоски, Христијан Пенков и Борче Богатиноски. Темелковски беше супериорен кај кадетите до 50 килограми и е прогласен за најдобар борач на турнирот.

Loading