СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ,,КИРИЛ И МЕТОДИЈ, WHO ARE YOU,,

На втори септември во Букурешт

publikaПо премиерната праизведба на ,,Охридско лето“ претставата „Кирил и Методиј, who are you“ по текст на Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски на театарот ,,Војдан Чернодрински“ на втори септември ќе ја има светската премиера во Букурешт, Романија. Театарот ќе го има првото меѓународно гостување со оваа претстава. По праизведбата на „Охридско лето“, претставата доби критики за одлична режија, пожртвувана игра на актерите, атрактивна сценографија и костими и музика во која се ужива.

 Нашата публика премиерно ќе има можност претставата да ја проследи во почетокот на октомври.

Најавена е како меѓународна драматична молитва за спасение на преживеаните Кирил и Методиј. Натаму во известувањето пишува дека се зборува во храмот театар изграден во 100 минути, било каде на Земјата и се базира врз принципот на античката трагедија – уметноста е задолжена за секој човек. Првпат во современата драматургија, главните протагонисти се наоѓаат на спротивни страни на светот.

Претставата е продукција на асоцијацијата НЕТА – Љубљана, Сфумато театарот од Бугарија и ликовното студио Киклос од Солун. „Кирил и Методиј,..“ ќе се прикажува на меѓународниот театарски фестивал НЕТА. Ќе се преведува на англиски и романски јазик и е препорачано да не ја следат помлади од 16 години.

 Во претставата, за која адаптацијата е на Владимир Ѓорѓијески, играат Ѓорѓи Јолевски од МНТ, Игор Трпче, Виолета Чакарова, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Димитрина Мицкоска, Илија Волчески, Здравко Стојмиров, Хриса Јоаниду од Националниот театар од Северна Грција,  Марија Ѓаковска од Бугарија.

Наредната недела, на 12 септември, претставата ќе го затвори годинашното издание на Фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица.

Второто меѓународно гостување е на 20 септември на 20 издание на фестивалот Екс Понто во Љубљана. Нашиот театар еднаш го отвори фестивалот, вториотпат го затвори, а еднаш беше победник со претставата “Кавкаскиот круг со креда” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски.

Loading