НАЈМОДЕРНО ОДМОРАЛИШТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ

Бесплатна објава

Сончев брег

– Животот не запира ни минута – дискотеките на плажа не го затвораат шанкот ни дење, ни ноќе, а посебна забава се пена партите со светски диџеи

–  Блиску е Несебар, богат со културни содржини

Кога ќе ги слушнете зборовите скара, пиво, наливно пиво и слично, на која држава, на кој град ви асоцираат? Поискусните знаат за што станува збор. Црното Море е многу поевтино од Грција, од Бодрум во Турција или од Опатија во Хрватска. Цената на пиво на плажа е евро, за разлика од Грција каде е чудо да се најде за најмалку двојно повеќе. За летување за размрдување секако е Сончев брег. Тој е одличен избор за запознавање со бугарската ривиера. Гостопримство укажуваат илјадници хотели со една или повеќе ѕвезди. Важи за најмодерно летувалиште на Црно Море за малку пари, а притоа да добиете светски квалитет.

Одморалиштето се наоѓа долж крајбрежјето околу 30 км. од Бургас и 3 км. од античкиот Несебар. Брегот е во облик на млад месец, отворен кон исток. На север е опкружено со подножјето на Стара Планина. Во близина се “испикал” градот Несебар каде планината и морето живеат во совршена хармонија. Плажата е покриена со прекрасен златен песок со природни песочни дини. Растат многу ретки растенија. Морето е чисто и без ајкули. Соленоста е двапати помала од Средоземјето. Сончев брег доби Сино знаме, еколошко признание за придобивките од природната средина, поради чистите плажи и море и свежиот воздух од околните планини. Тоа е најголем туристички комплекс на бугарското црноморско крајбрежје. Со многуте хотели, наредени по морето или скриени во ладните зелени паркови, Сончев брег личи на магична оаза.

Бугарски Лас Вегас

Во 1958 година кога почнала градбата на населбата, била замислена за мало семејно летувалиште со десетина хотели, опкружени со стотина илјади садници дрвја, украсни растенија и други зеленила. Се создавал рај на земјата, претежно за домашни и туристи од социјалистичките земји.

1Десет километри долгата златножолта песочна плажа, која достигнува широчина и до 100 метри, хотели во правилни редови, со базени околку, ретки растенија, преубави паркови, близината на пристаништето Бургас и неговиот меѓународен аеродром, невообичаено големиот број сончеви денови лете, аква парковите, се битните предности на летувалиштето, кое од периодот на креирањето до денес доживеа драстична трансформација и од она мирно место за семејно летување во мир и тишина, остана само името – Сончев брег. Денес, Сончев брег е најмодерно летувалиште на Црното Море, во кое во исто време може да престојуваат над 450 илјади гости. Предност повеќе не му е мирот и тишината, туку илјадниците ресторани, ноќни клубови, пабови, кафулиња, стриптиз барови, казина и останати места за забава, поради кои Сончев брег го носи епитетот бугарски Лас Вегас. До хиперпродукција на капацитети за сместување довеле големите и амбициозни објекти. Но, не папсува освојувањето на крајбрежјето. Продолжува да никнуваат амбициозни градби на хотели преку ноќ. Уште од мај групи туристи од Германија, Англија, Јапонија… уживаат во сонцето и погледот на специфичната боја на водата. Посетителите ја чувствуваат поразлично отколку во било кое море на светот. Блиски се двата модерни аква паркови, до кои се стигнува со бесплатен превоз. Има и терени за голф, се изнајмуваат разни велосипеди на 2 или 4 тркала, скутери, педалинки…, 4Д кина, водни и забавни паркови, продавници на секој чекор. Во Сончев брег нема што нема и можно е да најдете речиси сé. Дури и за време на целиот одмор да врне дожд, слободното време се минува во истражување на овој град, изграден за врвна забава и одмор. По улиците можете да сретнете разни “чуда” од сите делови на светот, кои на разни начини ги забавуваат минувачите, по примерот на светските метрополи. Некогаш, шетањето по улиците е културолошки шок, и затоа е и туристичка атракција.

На Брегот се живее 24/7

Плажата со песок увезуван со години од Египет, ја прави најубава на Црното море. Ретко каде на светот е можно на едно место да се видат толку убави, грандиозни и луксузни хотели. Престојот чини двапати помалку, отколку во хотелите на Запад. Речиси сите хотели имаат базени, некои и мини паркови. Не е место за целосен мир и тишина сончевата плажа. Таа е создадена за мераклиите за градска врева, полно содржини, богат ноќен живот… Компромис е изборот на локација за сместувањето. Ако сместувањето е кон Нов Несебар, се добива одреден мир, а сепак на чекор од центарот.

Фантастичен е ноќниот живот. Голем е изборот. На секој чекор има кафулиња, ресторани, пабови, летни бавчи, стриптиз барови, дискотеки, кои нудат богат и разновиден избор на музика. Дури и фолкотека со македонска и српска музика, Гостуваат популарни ДЈ-и во клубовите каде се чувствува атмосфера на европска престолнина. Сончев брег е туристичка дестинација за Германци, Скандинавци, Британци, Израелци…  Се живее 24 часа. Се почнува со загревање со натпревар кој се следи на секој чекор. Се бара место повеќе за навивање при игри на британските или скандинавските репрезентации. Клубовите се запоседнати со стотина млади облечени во исти маици. Лудилото трае до утринските часови. Враќањето во хотелите е проследено со седенки по клупите и на плажата. Посебна атракција се црвените лондонски автобуси на кат кои ги развозуваат младите. И на плажата е полно со барови со коктели, приготвени од мајсторите за егзибиции. ДЈ-ите пуштаат музика низ мирисот на морето. Посебен шарм даваат светлата од градот. Тука е и најголемата дискотека на Црното Море – Лазур. Отскокнуваат забавите во пена. Постојат неколку делови со базен и плажа, на кои се “џуска”. Дел од дискотеките се на катови. На секој се пушта различна музика. Тешко е да се посетат сите содржини од Сончев брег кој блика со енергија.

Во отворениот град, може да се сретне нешто слично на улицата Црвени фенери во Амстердам. Непознато, а блиску на еврејската култура е крај центарот. Таму е еврејската населба, препознатлива по писмата на хотелите, коцкарниците и рестораните. Прошетката се надополнува со чудниот мирис на храната.

2За љубителите на спортот и авантуризмот се нудат полно предизвици – сурфање, скијање на вода, скокање со падобран, возење на јахти, скутери, одбојка на плажа, тенис, куглање, јавање коњи – многу активности во кои секој може да најде нешто за себе. Рај за деца е Несебар со многу детски базени, забавни паркови и градини. Се нудат богати програми за кратки екскурзии низ Бугарија. Сé на сé, Сончев брег е место на кое има сонце за сите.

Бугарската кујна се состои од доста зеленчук, кој се јаде свеж, динстан или обарен, со многу бел и црн лук, масло и зачини. Се чувствува  влијанието на турската и грчката кујна со сарма, мусака и баклава. Задолжително бугарско предјадење се салатата и ракијата. Мора да се пробаат снежанка со краставица, орев и лук со павлака, и салата со пржени тиквички, пиперка и доста лук и магдонос. Од јадењата со месо, ги препорачуваат “каварма” – месо и зеленчук, ѓувеч, ќофтиња и ќебапи. Ќе се разочарате ако не саката “чубрица”, зачин кој го ставаат во секоја скара, бидејќи тешко се заобиколува. Ако сакате да вкусите нешто ново, треба да пробате боза. Треба да се знае и оригиналната мимика на Бугарите. Таа се огледува во негирањето. За “не”, климаат со главата како што другите народи кажуваат “да”.

За “ич пари” – екскурзии до Несебар

Сончев брег на југ се спојува со преубавиот град Несебар. Тој може да се спореди со Дубровник по убавината и судирот на новото и старото. Воодушевува архитектурата, специфична за Бугарија. Така се комплетира содржината за потрагата по историја и обиколки. Несебар е доста евтин за шопинг. Цвета и приватното сместување. Билетот од Несебар до крајот на Сончев брег чини само евро за возењето од 10-15 минути. Несебар е популарно летувалиште, оти го сочинуваат стариот дел град музеј и новиот дел од градот кои се поврзани со мост. Богатото културно и историско наследство и многубројните значајни меѓународни, национални и регионални случувања од сите уметнички жанрови го прават градот магнет за културни случувања, каде уникатната мешавина на минатото и сегашноста непрекинато ги воодушевува илјадниците посетители. Културни настани се случуваат под името Несебарска панорама.

3Стариот град е долг само 850 метри и широк 350 метри. Врие од национално и историско богатство. Градот е прогласен за град музеј поради археолошките и архитектонските вредности.

Во различните периоди, градот загубил третина од територијата која ја зазело морето. Остатоците се гледаат на дното од морето, на 80 метри од крајбрежјето. Античкиот дел со историја стара илјада години се наоѓа на романтичен, карпест полуостров. Зачувани се значајни споменици од разни периоди, остатоци од римски тврдини, стари византиски и бугарски цркви и антички куќи од 18 и 19 век. Црквите и базиликите се големо богатство. Света Софија е импресивно здание. Црквите се специфични по шарените декорации на фасадите. 

Loading