Прилепско културно лето
“Фотографијата миг на вечноста или вечност на мигот” е насловот на тематската изложба од Јован Наумоски отворена во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. На првото претставување ќе презентира дела со кои се надева дека ќе предизвика љубопитство.
– Човекот има страстна потреба да создава, а уметноста е еден од начините на кои најдлабоко се остварува неговото битие – вели Наумоски.
Според него, фотографот е оператор. Спектатор се сите кои разгледуваат и трагаат по новините, книгите, албумите, архивите, по колекциите на фотографии. Фотографираното е цел, референт, вид на мал привид.
Изложбата е дел од Прилепското културно лето на кое свој настап имаше и октетот Прилеп. Завршницата е на 4 септември со изложбата на 30 дела создадени од 12 уметници од земјата, од Србија, Русија и Турција, на годинашното издание на ликовната колонија Дрен.
![]()

