ВО ПРИЛЕП, КАКО ДОМА

Симеон Иванов – Канго

– Во најмакедонскиот град има гостопримливост, искреност и дружба што е својствена само за прилепчани

KangoМакедонскиот рок – музичар и гитарист, поет и сликар кого македонската јавност и прилепчани го знаат по прекарот Канго често е во Прилеп. Учествува на речиси сите јавни настапи на кои се слави поезијата, како на пример на поетри – слемот во Прилеп, а пак последно беше на 10-тото Поетско Маркукуле. Впечатлив е по неговата бујна коса за која вели дека употребува само сапун и вода без многу козметички препарати. Малкумина знаат дека името на основачот на културното движење “Мактеон”, кое го промовира античко – македонското наследство на денешниот македонски народ, е Симеон Иванов и е роден во Кочани. Но, Симеон Иванов – Канго тврди дека Прилеп е негов втор роден град, а прилепчани се негови браќа кои ги карактеризира пожртвуваност, искреност и посветеност кон пријателството. Во вториот дом се чувствува пријатно, сигурно и гордо на дејците и историските споменици кои се одраз на македонштината. Доаѓа многупати, а на последната средба, го запрашавме овој  рокер, познат по својот необичен стил, налик на легендарниот гитарист Џими Хендрикс, чиј голем почитувач е и Канго, каков е Прилеп во неговите очи и како ги доживува прилепчани.

Одговорите беа повеќе од искрени. Уште повеќе што периодот од животот кој не се заборава, во војничка униформа, го минал токму во касарната “Мирче Ацев”, која за времето на ЈУ, беше позната по тенковската единица. 

 Veljanoska– Го доживувам Прилеп како мој втор роден град. Тоа чувство кај мене се разбуди кога служев војска во далечната 1977 – 1978 година. Бев во гарнизонот и планиско ридска пешадија. Тогаш ја имав таа можност повеќе да допрам до него, и да го запознаам градот под Марковите Кули. Уште повеќе ме правеше љубопитен, кога ги читав песните за Крали Марко, неговите скитања, доживувања, песните напишани за неговата сакана Ангелина. Тука се и творбите за дете Голомеше и дете Татулче – вели Симеон Иванов – Канго.

Овој гитарист и рок музичар познат како неуморен промотор на музиката преку организирање на рок каравани низ Македонија, а имал и приватно училиште за рок ен рол, по професија е дипломиран правник. Меѓу музиката и уметноста кои се негова опсесија, продолжил по стапките на татко му, кој исто така е правник.Оттука имал контакти и со прилепските колеги од факултет.

– Во овој град ги запознав моите побратими, со кои се дружам до ден денес. Еден од нив е мојот драг колега од Правниот факултет, Зоран Чанџук, потоа мојот баџанак Хари Вејкрпоски – вели Иванов.

Во Прилеп има и многу браќа по дух и оружје. Основниот именител за “братската љубов” им е гитарата која не само за него, туку за голем број прилепчани значи живот, страст, опстанок и доживотна магија.

Dukiot– Тоа е Дукио Душко Велкоски (Миг Џегер) од групата Рушевини. Тој е од нашето време. “Power flower”, беше нашата позната изрека што значеше “Да водиме љубов, а не војна”. Преку тоа наше главно оружје – гитарата, ги запознав гитаристот Смугре, Точакот, Иле Чакаро, Давид од Крос Роуд Блус Бенд – вели Канго.

Има организирано повеќе македонски космополитски средби како и чествувања по повод раѓањето на големиот македонски цар Александар Македонски. Канго е дел од Здружението за одбрана на Македонија заедно со други интелектуалци, јавни личности, пензионери. – Исконските пориви за суштината на нашето постоење и тоа во времето на транзицијата, направи уште поголем препород на сродните чеда на Македонија, кои се поврзани со одпредметување на аманетот на нашите предци. Прилеп е најмакедонскиот град, во кој се чувствувам како дома. Таа се заснова на големата гостопримливост, искреност и дружба што ја нудат прилепчани. Во една прилика бев поканет од градоначалникот да ја понесам костимографијата на фалангата, на чинот на осветувањето на споменикот, каде што ја испеав мојата одамна компонирана песна (1991 г.), Македонија – објаснува Иванов.

Нема можеби спечалено милион евра од музиката и уметноста, но затоа има милион пријатели од кои голем дел и во Прилеп.

– Во изминативе неколку години држејќи се на мојата зрелост се дружам со моите побратими и посестрими кои се во толку голем број. Се надевам дека нема да ми забележат на мојата скромност, а тоа се Злате Црвенкоски, Оле велјаноска, Венера Миколоска, Тони, Борис Темоски и дружбата Дионис. Моите патриотски, визионерски и поетски пораки за спасот на светот од зло ги исполнувам со братот Мишко Јовчески, како и со членовите на Светскиот Македонски Конгрес – вели Канго.

Разговорот со последниот стопер, рокер или некои велат рок- про-рок или рок – Спасител, Симеон Иванов – Канго е направено на култната карпа на Тронот кај Слонот. За него, светлината, убавината и љубовта се најзначајни за светот и опстанокот.

Канго  снимил седум албуми и издал четири збирки поезија.

Loading