Се славеше поезијата

На тронот кај Слонот

MarkukuleИ годинава во организација на библиотеката, ЛС и друштвото Пела се славеше поезијата. На Тронот кај Слонот по десетти, јубилеен пат се одржа  Поетско Маркукуле, кои во изминатите години се етаболира како значајна поетска манифестација во земјата, од која патем подоцна произлегуваат и зборници. Иако годинашниот јубилеј мина без иницијатор Љубен Димкароски, сепак, масовно поетите од земјата учествуваа и под ѕвезденото небо, на Тронот кај Слонот го ,,излеваа”, поетскиот стих од нивните души. Се беше беспрекорно, а за убавата атмосфера се погрижија и од Октетот ,,Прилеп”. Поетите настапија без ограничувања, со слободна мисла, а не мал простор им беше одделен и на најмладите. Беше промовирана и збирката  од минатогодишната манифестација, во која се поместени седумдесетина песни во кои е набиена творечката енергија на поетите учесници, преку која и низ која клокоти нивниот творечки нагон, нивниот порив да се создава по секоја цена, секогаш и секаде.

Јубилејното Поетско Маркукуле се одржа во годината кога Библиотеката одбележува 70 години од формирањето. Инаку, во библиотеката во тек се градежни активности за реновирање на малата читална во која е сместен дигиталниот клуб, за што институцијата обезбеди сопствени средства.

Loading